- Во периодот од 26ти до 30ти октомври 2015 година, полскиот експерт г-дин Krzysztof Wojcik и холандскиот експерт г-дин Marc du Maine ги прегледаа нацрт листите за проверка, листите со податоци и поглавието за испекција на НДТ (најдобри достапни техники) во инсталации кои се според Директивата за емисии во индустријата ИЕД, кои беа креирани во рамките на мисиите 1.2.5, 1.2.7 и 1.2.9 со цел да се обезбеди усогласеност со содржината на општото упатство за инспекција, консиздентност на текстот и нивна употреба од страна на инспекторите за животна средина. Беше изработена финалната верзија на општото упатство за инспекција чиј нацрт беше подготвен во рамките на мисијата 1.2.3 во кои беа вклучени повратните информации добиени од страна на македонските корисници.
Оптото упатство за инспекција беше презентирано и дискутирано со претставниците на Проектот за техничка помош „Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво“ и твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и имплементирање на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/EU“.
Беше дискутирно со експертите од мисијата 1.3.3 која се одвиваше паралелно за начинот како упатството за инспекција може да се користи во рамките на твининг програмата за обука кој ќе биде доставен.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани агендата за мисијата 1.2.11, предвидена за јануари 2016 година, за подготовка на информативна брошура за индустриските оператори и формите на распределување на придружните материјали изработени во рамките на активностите 1.2.
Документи:
