За време на мисијата 1.2.6 во периодот помеѓу 11ти и 15ти јануари, 2016 година, грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos и шпанската експертка г-ѓа Maria Jesús Mallada, ги ажурираа првите нацрт верзии на инспекциските листи на проверка и придружните материјали за инспекција на главните текови на отпадот кои се однесуваат на (а) регионални депонии за отпад, (б) отпадни масла и (в) возила надвор од употреба, кои се подготвени во рамките на мисијата 1.2.5, вклучувајќи ги повратните информации добиени од страна на македонските корисници и останатите експерти од овој проект и ја доставија финалната верзија.
На барање на Постојаниот твининг советник исто така беше направен преглед на ЕУ законодавството кое се однесува на листите на проверка изработени во рамките на мисијата 1.2.8, со цел да се заменат или ажурираат доколку согласно македонското законодавсто веќе се на сила.
Исто така беше извршен преглед на листите на податоци за секторот винарии и секторот пиварници (подготвени во рамките на мисијата 1.2.8). Беа обезбедени и коментари на документот со предлози за евалуација на инспекторите и Државниот инспекторат за животна средина ( изработен во рамките на мисијата 1.2.6).
Документи:
.jpg)