Во периодот помеѓу 18ти и 22ри јануари 2016 година, шпанскиот експерт г-дин Iñaki Bergareche и холандскиот експерт г-дин Marc du Maine, подготвија првичен нацрт на практична брошура за индустриските оператори која вклучува објаснувања за правилата и законската регулатива која се применува на инсталациите, како да се постапува во случај на неусогласеност, како да се подготват за инспекција и последиците од недостаток на соработка со инспекциските власти.
Исто така беа подготвени и првичен нацрт на стратегија за распространување (ширење) на брошурата и комуникација со операторите како и првичен нацрт на образец за инспекциски извештај кој е јавно достапен.
Дополнително, беше подготвен и првичен нацрт информација за индустриските оператори што треба да биде објавен на инстернет страницата на ДИЖС.
На состанок одржан со индустриските оператори беа дискутирани предлогот за структурата и содржината на брошурата, идеите како да се подели истата како и за стратегијата за коминукација помеѓу индустриските оператори и инспекциските служби надлежни за животна средина.
Документи:
.jpg)
.jpg)