Во периодот помеѓу 7ми и 11ти март, 2016 година, грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos и италијанскиот експерт, г-дин Romano Ruggeri, во рамките на мисијата 1.3.4, одржаа две обуки во траење од 2 дена секој, и тоа:
- 8ми - 9ти март: обука која се одржа во Велес за инспекторите и пишувачи на дозволи од Североисточниот и Источниот регион за секторите каменоломи/рудници и свињарски/живинарски фарми.
- 10ти - 11ти март: обука која се одржа во Тетово за инспекторите и пишувачите на дозволи од Полошкиот и Скопскиот регион за секторите депонии и електролачни печки за железо и челик (ЕЛП).
Операторите од инсталациите кои припаѓаат на овие сектори исто така земаа учество споделувајќи го своето искуство и активност во дискусиите. Групите беа составеи од инспектори за животна средина на централно и локално ниво, како и пишувачи на дозволи на локално ниво.
За секој од споменатите сектори беа презентирани податоци за вообичаените процеси на производство, влијанието врза животната средина, релеванната легислатива на ЕУ, најдобрите достапни техники (НДТ) за спречување на загадувањето, достапни референтни документи листи на податоци и листи на проверка изработени во рамките на овој Проект, БРЕФ документи) и барањата кои се однесуваат на само-мониторирање.
На 7ми март, се одвиваа последните подготовки за двете обуки.
Документи:
Информации за БРЕФ-овите и за НДТ: