Во периодот помеѓу 14ти и 18ти март, 2016 година, шпанските експерти г-дин José Francisco Alonso Picón и г-дин Iñaki Bergareche во рамките на мисијата 1.3.5 одржаа две дводневни обуки, и тоа:
- 15ти - 16ти март: обука во Битола за инспектори и пишувачи на дозволи од Пелагонија регионот и Југозападниот регион за секторите рудници и каменоломи и пиварници;
- 17ти - 18ти март: обука во Демир Капија за инспектори и пишували на дозволи од Вардар регионот и Југоисточниот регион за секторите винарии и свињарски и живинарски фарми;
На обуката исто така земаа учество и оператори од соодветните сектори кои со своето учсетво и дискусии го споделија своето искуство. Групата ја сочинуваа инспектори за животна средина на централно и локално ниво, како и пишувачи на дозволи на локално ниво.
За секој од споменатите сектори беа презентирани податоци за вообичаените процеси на производство, влијанието врз животната средина, релевантната легислатива на ЕУ, најдобрите достапни техники (НДТ) за спречување на загадувањето, достапни референтни документи листи на податоци и листи на проверка изработени во рамките на овој Проект, БРЕФ документи) и барањата кои се однесуваат на само-мониторирање.
На 14 ти март, се одвиваа последните подготовки за двете обуки.
Документи:
Информации за БРЕФ-овите и за НДТ: