ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
03.04.2016 | 1.3.6: Обука за заеднички интегрирани инспекции во животната средина, за скопскиот и полошкиот регион

Во периодот помеѓу 29ти и 1ви април 2016 година, грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos и италијанскиот експерт г-дин Romano Ruggeri, во рамките на мисијата 1.3.6, реализираа обука за спроведување на инспекции во животната средина во насока на најдобрите практики на ЕУ, во соработка со две пилот инсталации, депонијата Дрисла и инсталацијата за електролачна печка за железо и челик, Макстил.

Групата вклучуваше инспектори за животна средина на централно и локално ниво, како и пишувачи на дозволи од скопскиот и полошкиот регион.

По спроведување на последните подготовки на 29ти март, беше реализирана обука од три дена (30ти март до 1ви април), распределена пос следниот редослед:

  • Ден 1: Групата која беше поделена на две подгрупи се обучуваше за начинот како да подготви инспекција преку подготовка на листа за проверка и програма (агенда) за инспекцијата, користејќи ги образците изработени во рамките на проектот како почетна основа, како и релевантните документи од инсталацијата (дозволата, мониторинг извештаи).
  • Ден 2: Беше инспекција на лице место. Едната подгрупа ја посети депонијата Дрисла а другата подгрупа ја посети инсталацијата-електролачна печка за железо и челик, Макстил.
  • Ден 3: Двете подгрупи беа обучувани за подготовка на инспекциски извештаи. Беше ставен акцент на тоа како инспекциските резултати имаат влијание за подобрување на квалитетот на дозволите, да се прилагоди зачестеноста на инспекциите и да се дефинираат некои клучни точки при наредните инспекции.

Документи (образците се достапни исто така и во делот „документи и линкови“ на оваа веб страница):

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ДИЖС презема превентивни мерки за заштита од Корона вирусот
12.03.2020

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми