Во периодот од 11ти до 15ти април, 2016 година, холандските експерти г-дин Marc du Maine и г-дин Bram Segijn во рамките на мисијата 1.3.7, реализираа серија на обуки за подобрување на комуникациските вештини на инспекторите во два региона, за подобрување на тимската работа во ДИЖС и за дефинирање на обука за обучувачи за селектирана група инспектори кои подоцна ќе бидат обучувачи на останатите инспектори.
Во групите беа вклучени инспектори за животна средина на централно и локално ниво како и пишувачи на дозволи од Североисточниот, Источниот, Скопскиот и Полошкиот регион.
По завршување на подготвителните активности на 11ти април, беа реализирани обуките во периодот 12ти до 15ти април, поделени во следниве групи:
- 12ти април: еднодневна обука за вештини за групата од Североисточниот и Источниот регион;
- 13ти април: еднодневна обука за вештини за групата од Скопскиот и Полошкиот регион;
- 14ти април: еднодневна обука за градење на тим за вработените и раководителите во ДИЖС;
- 15ти април: полудневна обука за обучувачи за клучните инспектори и финална оцена и подготовка на агенда и материјали за мисијата 1.3.8 за обуки.
Документите: