ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
21.5.2015 | 1.4.1 – Студиска посета на Галиција (Шпанија)

Од 18 до 22 мај, делегација од Република Македонија предводена од директорот на Државниот инспекторат за животна средина, г-дин Фирус Мемед, оствари студиска посета на регионот Галиција (Шпанија) и посети  неколку компании од различни сектори, како примери на добрите практики во областа на инспекцискиот надзор во животната средина и спроведувањето на законите за животната средина од страна на компаниите.

Групата беше составена од 11 претставници од Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за животна средина и просторно планирање и неколку општини од Република Македонија кои беа пречекани од страна на шпанскиот лидер на овој Твининг проект, г-дин Хозе Франциско Алонсо ПИКОН, и неговиот тим на инспектори за животна средина од Регионалното министерство за животна средина, просторно планирање и инфраструктура (CMATI) на Галиција со цел размена на добри практики и искуства во заштитата на животната средина меѓу шпанските и македонските партнери, со посебен акцент во областите на квалитетот на воздухот, ИСКЗ / IED и секторот за управување со водите.

За време на Институционалните посети на Генералниот секретаријат за квалитет и евалуација во животната средина, Лабораторијата за животна средина на Галиција и  Генералниот директорат за заштита на природата, меѓу другото, беа извршени презентации и предавања за организацијата на органите за вршење инспекциски надзор во животната средина во Галиција, спроведување на законодавството, софтверски алатки за поддршка на инспекторите , Соработка меѓу различни засегнати страни и начинот на вршење мониторинг и земање мостри.

Што се однесува до индустриските капацитети и инсталациите, претставниците од Македонија посетија неколку водечки компании како што се:  Фабрика за производство на дрвени панели (FINSA), Прочистителна станица - третман на отпадни води од градот Ла Коруња, Пиварница (La Estrella де Галиција), Регионалниот комплекс за управување со отпад  SOGAMA, и Фабрика за производство на млеко (Feiraco). Тие исто така ја посетија  инсталацијата за производство на вештачка почва (Tratamientos Ecológicos del Noroeste) и еден реставриран рудник за железо пирит (Мина де Touro), како и фабрика за обработка на возила со поминат рок (TRAMEVE). На крај остварија посета на на Националниот парк "Islas Atlánticas" со локалните инспектори.

За време на посетата, македонската делегација беше примена на официјалниот средба од страна на Регионалниот министер за животна средина на Галиција, г-ѓа Етел Мариа Васкез Моуреје.

Документи:

  • Изјави за печат поврзани со студиската посета можете  да најдете овде 
  • Документи доставени до учесницитe (164 МB zip file) (презентации, формулари, дозволи....) поврзани со посетените институции и индустриски инсталации  (управување со отпад, пивара, панел дрво, депонија, обновен рудник, лабараторија за животна средина, застарени возила, производство на млеко)

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022