Во периодот од 2 до 6 март 2015 година, хрватската експертка г-ѓа Anita Pokrovac и холандскиот експерт г-дин Wybe Douma, ја направија првичната оценка на релевантното законодавство во животната средина и усогласеноста со соодветната легислатива на ЕУ во областа на квалитет на воздухот, квалитет на вода, IPPC / IED и Севесо, особено оние делови кои се релевантни за инспекцијата во животната средина и спроведувањето согласно ЕУ стандардите. За таа цел беа реализирани бројни состаноци со релевантни чинители од Државниот инспекторат за животна средина, ДИЖС, Министерството за животна средина и просторно планирање, МЖСПП, општините (локалните инспектори надлежни за животна средина), како и преку преглед на доставената документација од нивна страна и од страна на канцеларијата на Твининг проектот, вклучувајќи ги наодите од мисијата 1.1.1.
Како резултат од оваа мисија и мисијата која следи (мисија 2.1.2, 23-26 март 2015) ќе биде изработен, а дел од него ќе биде составен дел на извештајот за оценка од мисијата 1.1.2, вклучувајќи ги заклучоците кои се однесуваат на изработка на Законот за инспекција во животната средина. Во документот ќе бидат опфатени структурата и клучните аспекти кои треба да се земат предвид во сите поглавија /членови при изработката на истиот.
Агендата за мисијата 2.1.2, како и пристапот за наредните мисии кои се поврзани со правната оценка и изработката на новиот Закон за инспекција во животната средина беа исто така дискутирани и со Постојаниот советник на твининг проектот.
Документи: