Во периодот помеѓу 1 и 5 јуни, хрватската експертка, г-ѓа Anita Pokrovac и холандскиот експерт г-дин Wybe Douma продолжија да работат на нацрт версијата на новиот Закон за инспекција во животната средина којашто структура и главна содржина беа претходно подготвени за време на мисијата 2.1.2. Резултатите од дискусиите со релевантните чинители, вклучувајќи ги претставниците од ЗЕЛС, од одделенијата за ИСКЗ и ОВЖС при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), директорот на Државниот инспекторат за животна средина и државните инспектори како и правниот експерт од МЖСПП беа соодветно вклучени во првата комплетна нацрт верзија на Законот за инспекција во животната средина. Неформални дискусии беа водени и со експертите од Проектот за техничка соработка „Зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството во животната средина на локално ниво“.
За време на дискусиите со експертите од ИСКЗ одделението при МЖСПП, се дојде до заклучок дека би било корисно доколку се обезбеди постоечкиот превод од хрватски јазик на документите кои се однесуваат на ЕУ БАТ.
Заедно со Постојаниот твининг советник-РТА беа исто така дискутирани следните чекори за подготовка на новиот Закон за инспекција во животната средина како и агендата за мисијата 2.1.4.
Документи: