ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
20.11.2015 | Мисија 2.1.4: Правна оценка и изработка на Закон за инспекција во животната средина (мисија 4)

Во периодот помеѓу 10ти и 13ти ноември, 2015 година, холандскиот експерт, г-дин Wybe Douma и хрватскиот експерт, г-ѓа Anita Pokrovac, во периодот од 17ти до 20ти ноември, 2015 година, за време на четвртата мисија поврзана со правната оценка и изработка на новиот Закон за инспекција во животната средина направија преглед на коментарите на првиот Нацрт Закон од релевантните чинители добиени во пишана форма и одржаа неколку состаноци и една работилница со цел да добијат натамошни повратни информации и да дадат придонес за унапредување на првиот нацрт на Законот и предлози за натамошно усогласување со европското законодавство во областа на животната средина.

За време на состанокот кој се одржа со претставници на Инспекцискиот совет, се дискутираше за  најпроблематичните точки во Нацрт Законот за инспекција во животната средина кои се однесуваат на усогласување со Законот за инспекциски надзор, со цел да се постигне заедничо разбирање на истите.

На работилницата која се одржа на 19ти ноември, 2015 година, на претставниците од МЖСПП, на локалните овластени инспектори, операторите, НВО секторот како и пред правните експерти од другите проекти беше презентиран општиот преглед на Нацрт Законот и дадено образложение за потребата од реформи на сегашниот систем и за Нацрт Законот.

Беше изработена кореспондентна табела со цел да се процени степенот на транспонирање во предлог Законот за инспекција во животната средина во врска со одредбите поврзани со инспекција во животната средина во Директивата 2010/75/ЕУ за емисија во индустријата и Препораката 2001/331/ЕЗ за обезбедување на минимум критериуми за инспекции во животната средина (RMCEI). Освен тоа,  беше подготвен и документ кој ги содржи одредбите од европското законодавство во делот на животната средина а се однесуваат на инспекција.

Со директорот на Државниот инспекторат за животна средина, како и со постојаниот твининг советник и постојаниот твининг советник од македонска страна се дискутираа следните чекори за одобрување на Нацрт Законот.

Документи:

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати
03.4.2021

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
...

Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината
01.4.2021

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на опш ...

Истрага за загадување и угинување на жив свет во Дебарско езеро
23.3.2021

На 20-ти март до надлежен државен инспектор за животна средина со седиште во Гостивар беше достав ...

Забрана за работа на асфалтна база во Куманово заради прекумерно загадување на воздухот
16.3.2021

Државниот инспекторат за животна средина на 5-ти март изврши вонреден надзор на асфалтната база К ...

Казни за горење трска и насипување земја на струшкото крајбрежје
13.3.2021

Инспектор од Државен инспекторат за животна средина, по дојава на Министерство за внатрешни работ ...

Спроведени геодетски мерења на концесијата во Средно Коњари
11.3.2021