Во периодот помеѓу 13ти и 16ти јуни, 2016 година, шпанските експерти, г-дин Lucas Blanes и г-дин Luis Suárez, во рамките на мисијата 2.1.10, реализираа обука наменета на градење на капацитетите на инспекторите во делот на земање на примероци и за оценување на извештаите од само-мониторирање на индустриските оператори, особено во областа на отпадот, почва/подземни води, бучава и миризба.
Обуката воедно беше искористена како можност да се овозможи дискусија и вмрежување помеѓу учесниците. За таа цел, во целната група беа вклучени не само инспектори на централно и на локално ниво, туку и пишувачи на дозволи, претставници на повеќе одделенија од Министерството за животна средина и просторно планирање, индустриските оператори и претставници на акредитирани лаборатории.
На 13ти јуни, 2016 година, завршија последните подготовки за 3 дневната обука која беше реализирана наредните денови и да се прегледа и комплетира нацрт документот, упатство со кратки насоки и совети подготвен во рамките на мисијата 2.1.9, како и препораки базирани на претходна пракса, за подобрување на различни аспекти поврзани со извештаите за земање примероци и само-мониторинг кои се однесуваат на контрола на еколошките перформанси на индустриските активности.
Три дневната обука се реализираше во Скопје структурирана според следниот редослед:
- 14ти јуни: Теоретска обука за мониторинг на отпад и земање на примероци. Покрај тоа, за време на претпладневната сесија, претставници од МЖСПП специјализирани за отпад и хемикалии имаа 3 презентации поврзани со темите за управување со отпад и настани поврзани со контрола на опасен отпад и хемиски супстанции во Македонија. Во попладневната сесија, беше организирана посета на постројката за третман на ПХБ „Раде Кончар“, каде беа дадени објаснувања на лице место за начинот на деконтаминација на трансформатори со ПХБ.
- 15ти јуни: Теоретска обука за мониторинг на подземни води и земање на примероци. Исто така, од страна на државните инспектори за животна средина беше презентирана состојбата во Македонија за мониторинг на подземните води.
- 16ти јуни: Теоретска обука за бучава и за мониторинг на миризба и земање на примероци. Покрај тоа, претставници од лабараторијата за животна средина при МЖСПП дадоа објаснувања за состојбата која се однесува на мониторинг на загадување на почвата и миризба.Претставници од Град Скопје, ги презентираа своите искуства за мониторинг на бучава, а дополнителна презентација за контрола на нејонизирачка радијација во државата беше дадена од страна на претставник на Воено медицинскиот центар.
Воедно, на учесниците им беше промовирана македонската верзија на Водичот за отпад од EU IMPEL за контрола на транспорт на отпад.
Документи:










