На 8ми јули, 2016 година, холандските експерти, г-ѓа Hadewych van Kempen (член на холандскиот Инспекциски совет) и г-ѓа Alena Groenen (експерт од холандскиот центар на знаење InfoMil), одржаа состанок со членовите на македонскиот Инспекциски совет, од што произлезе нацрт извештај со заклучоци кои беа постигнати за време на состанокот.
Целта на оваа мисија беше да придонесе кон подобро разбирање на најдобрите ЕУ практики во областа на инспекцијата и градење на капацитетите на инспекторатите, од страна на македонскиот Инспекциски Советот и на овој начин да се овозможи усогласување на Законот за инспекциски надзор со предлог Законот за инспекција во животната средина кој беше подготвен во рамките на овој твининг проект (види мисија 2.1.4). Од тие причини, оваа мисија ги има следниве цели:
- Да се обезбедат информации и да се дискутира за работата на Инспекцискиот совет на Холандија, и други поврзани теми од интерес за Инспекциски совет на Република Македонија, вклучувајќи го и градењето на капацитетите на инспекторите
- Да се дефинираат активности за понатамошна соработка помеѓу двата Совети
Документи: