Во периодот помеѓу 16ти и 20ти март 2015 година, шпанската експертка г-ѓа María Jesús Mallada и холандскиот експерт г-дин Marc du Maine извршија преглед на постоечките подзаконски акти и другите обврзувачки документи кои се однесуваат на изработка на годишните планови за инспекција и годишните извештаи, и ги идентификуваа недостатоците во врска со RMCEI и Директива за емисија во индустријата-ИЕД и областите / аспектите кои може да се подобрат. Исто така беа земени предвид наодите и резултатите од мисите 1.1.1 и 2.1.1. Беше изработен нацрт извештај во кој беа дадени оценките за усогласеноста кои се однесуваат на RMCEI и ИЕД од постоечките подзаконски акти и другите обврзувачки документи поврзани со изработка на годишните планови за инспекција и годишните извештаи, идентификувајќи ги потенцијалните недостатоци и области / аспекти кои може да се подобрат. Извештајот содржи предлог за подготвка на пакет за унапредувања кои ќе бидат вклучени во тие подзаконски акти или други обврзувачки документи.
Агендата за мисијата 2.2.2 беше дискутирана и со Постојаниот советник на твининг проектот и беше подготвен прв нацрт на истата. Исто така беа подготвени некои белешки и забелешки кои ќе бидат релевантни за предавањата на експертите кои доаѓаат во следните мисии 1.1.2 (комплетирање на институционалното оценување на македонскиот инспекциски систем во животната средина) и 2.1.2 (втора мисија за подготовка на извештај за правната оценка и првиот пакет на препораки за изработка на идниот Закон за инспекција во животната средина).
Документи:
