Во периодот од 11ти до 15ти мај 2015 година, холандскиот експерт г-дин Marc du Maine го комплетираше прегледот на постоечките подзаконски акти и останати обврзувачки документи кои се однесуваат на изготвување на годишните планови за инспекција и годишните извештаи, идентификувајќи ги недостатоците кои се однесуваат на RMCEI, ИЕД и насоки за усогласеност со „Направете да работи“ и области / аспекти кои може да се подобрат, а земајчи ги предвид резултатите од мисиите 1.1.3; 1.2.1; 2.1.2 и 2.2.1. Беше подготвена првичната верзија на извештајот во кој се дадени оценките на усогласеноста во однос на барањата за планирање и известување во RMCEI, ИЕД и насоки за усогласеност со „Направете да работи“ на постоечките подзаконски акти и предлози за подобрување кои треба да бидат вклучени во тие подзаконски акти и останатите обврзувачки документи. Финалниот документ може да го преземете подолу.
Исто така, со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани следните чекори како и агендата за мисијата 2.2.3.
Документи:
