Во рамките на мисијата 2.2.3 која се одржа во периодот помеѓу 6ти и 10ти јули, 2015 година, хрватската експертка г-ѓа Anita Pokrovac ги разгледа нацрт резултатите од мисијата 2.1.3 (нацрт на новиот Закон за инспекција во животната средина, кој е клучен документ кој ќе воспостави основа за спроведување на инспекции во животната средина во согласност со практиките на ЕУ) и мисијата 2.2.2 ("Проценка на постоечката законска регулатива и обврзувачките документи поврзани со планирање и известување на инспекциите. Предлози за надградби") за да се обезбеди усогласеност со RMCEI (препорачани минимални критериуми за инспекција во животната средина) & критериуми поврзани со Директивата за емисии во индустријата- IED. Подолу можете да го преземете документот.
Дополнително беше разгледан документот со предлози за подобрување на системот за инспекција во животната средина во Република Македонија кој беше подготвен во рамките на мисијата 1.1.5 за да се обезбеди усогласеност со RMCEI, TFS Регулативата бр. 1013/2006 и 660/2014 & критериумите поврзани до Директивата за емисии во индустријата. Со надлежното лице од МЖСПП, задолжено за развој на стратегии беше разговарано за потребата за усогласување на плановите на Државниот инспекторат за животна средина со стратегиите на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Исто така, со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани следните чекори како и агендата за мисијата 2.2.4 за изработка на наменска програмa за обука со посебен акцент на примената на RMCEI, Регулативата TFS бр. 1013/2006 и 660/2014 и член 23 од Директивата за емисии во индустријата, во секојдневниот живот.
Документи:

