Во периодот од 30ти ноември до 4ти декември 2015 година, шпанскиот експерт, г-дин José Francisco Alonso Picón и холандскиот експерт, г-дин Marc du Maine, во рамките на мисијата 2.2.5 одржаа четири еднодневни обуки на четири различни целни групи за инспекцискиот циклус (вклучувајќи планирање и известување). Вкупно 81 учесник од различните региони, вклучувајќи ги државните инспектори за животна средина, локалните овластени инспектори за животна средина и пишувачи на дозволи на локално и централно ниво беа обучени за различните чекори на инспекцискиот циклус во животната средина согласно најдобрите практики на ЕУ (планирање, рамка на постапување, извршување и известување и следење). Исто така беше подобрено взаемното разбирање помеѓу инспекторите и пишувачите на дозволите во областите каде што имаат заедничка интеракција во рамките на инспекцискиот циклус. За време на обуката беше дискутирано за влијанието на инспекцијата на измените и дополнувањата на инспекцискиот план/програма, на дозволите, подобрување на усогласеноста (сугестии до операторот за подобрување на работата во животната средина).
До учесниците беа доставени материјали поврзани со дискусијата за инспекциски циклус.
Покрај тоа, експертите дадоа коментари на резултатите од мисијата 2.1.6 за индикатори и методи за оценување на инспекторати за животна средина и на инспектори. На барање на директорот на ДИЖС, тие исто така дадоа повратна информација за такса за вода во земјите од ЕУ во случај на геотермални води.
Документи:
.jpg)
.jpg)
.jpg)



.jpg)
.jpg)