Во периодот од 25 до 27 мај 2016 година, шпанските експерти г-ѓа Isabel Fernández, г-дин Lucas Blanes и г-дин Iñaki Bergareche, во рамките на мисијата 2.2.7, спроведоа обука за извршување на инспекциски надзор во согласност со Најдобрите практики на ЕУ, во соработка со две пилот инсталации, живинарската фарма, Живинопром и рудникот „Саса“.
Во групите за обука, од Североисточниот и Источниот Регион, земаа учество државни инспектори за животна средина, овластени локални инспектори за животна средина и пишувачи на дозволи.
Обуката се реализираше согласно следниот редослед:
- Ден 1: Групата која беше поделена на две подгрупи се обучуваше за начинот како да подготви инспекција преку подготовка на листа за проверка и програма (агенда) за инспекцијата, користејќи ги образците изработени во рамките на проектот како почетна основа, како и релевантните документи од инсталацијата (дозволата, мониторинг извештаи).
- Ден 2: Беше реализирана инспекција на лице место. Едната група беше во живинарска фарма Живинопром, другата група во рудникот Саса.
- Ден 3: Двете подгрупи беа обучувани за подготовка на инспекциски извештаи. Беше ставен акцент на тоа како инспекциските резултати имаат влијание за подобрување на квалитетот на дозволите, да се прилагоди зачестеноста на инспекциите и да се дефинираат некои клучни точки при наредните инспекции.
Документи (образците исто така се достапни и во делот „документи и линкови“ на оваа веб страница):






