Во периодот помеѓу 14ти и 17ти септември, шпанските експерти, г-дин José Francisco Alonso Picón и г-дин José Gil de Bernabé го поддржаа Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) при тестирање и планирање на активностите за целосна имплементација и одржување на системот за управување со процесот на работа (BPMS) анализирајќи го софтверот кој е во постапка на тестирање, а правејќи проценка на потенцијалните слаби точки и области за негово понатамошно развивање.
Беше финализиран извештајот за проценка и имплементција на системот за управување со процесот на работа во ДИЖС, вклучувајќи ја оценката на имплементација на акцискиот план и предлозите за подобрување (доколку е применливо) и одржување на истиот.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани клучните чекори за имплементација на BPMS системот кој ги поддржува инспекциските власти за животна средина во регионот Галиција (Шпанија), истакнувајќи ги добрите практики и научените лекции. Исто така беше одржан состанок и со ИТ експертите кои го дизајнираат BPMS системот за ДИЖС.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа исто така дискутирани и можните содржини за наредните мисии поврзани со BPMS системот на ДИЖС (мисиите 3.1.2- 3.1.4).
Документи:



.jpg)