Во периодот помеѓу 2ри и 5ти ноември, 2015 година, полскиот експерт г-дин Adam Nadolski и хрватскиот експерт г-ѓа Јасминка Драженовиќ продолжија да го подржуваат Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) при тестирање и планирање на активностите за потполна имплементација и одржување на системот за управување со процесот на работа во ДИЖС анализирајќи го софверот кој се користи во моментот и правејќи проценка на потенцијалните недостатоци и слаби точки за натамошна доработка. Со ИТ експертите кои го дизајнираат BPMS системот за ДИЖС беше дискутирано за потенцијалните точки на софтверот.
Беше финализиран извештајот за оценка на BPMS системот за ДИЖС вклучувајќи го тестирањето и планот за имплементација како и предлози за содржините на наредните мисии поврзани со BPMS системот и софтверот за поддршка на работата на инспекторите, иако тоа може да биде предмет на некои надградби бидејќи BPMS системот сеуште не е пополнет со инспекциските процеси и тестиран од страна на инспекторите.
Беа разгледани соодветните делови од Прирачникот за инспекција кој беше изработен во рамките на активноста 1.2, со цел да се обезбеди компатибилност со BPMS системот на ДИЖС и корисни референци.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани клучните чекори за имплементација на BPMS софтверот кој се користи од страна на инспекциските служби за животна средина во Полска и во Хрватска, истакнувајќи ги добрите практики и научените лекции за време на процесот на нивно создавање и одржувањето и надградувањето што ќе следи.
За време на мисијата беше организиран состанок со претставници на Инспекцискиот совет во врска со проектот EuropeAid/136671/IH/SER/MK „Реформи во јавната администрација и е-влада“ со цел да се разменат информации за проектот и продолжување на комуникацијата за овие теми како и добивање на идеи за финалниот софтвер за е-инспекторат кој ќе се достави за работата на сите македонски инспекторати и во функција на тоа да се обезбедат корисни предлози.
Документи:
.jpg)

.jpg)