Во периодот помеѓу 16ти и 20ти мај, 2016 година, шпанскиот експерт г-дин José Gil de Bernabé, хрватската експеркта, г-ѓа Jasminka Drazenovic и полскиот експерт, г-дин Adam Nadolski продолжија со работата започната за време на мисијата 3.1.2 од февруари.
Имајќи предвид дека условите за тестирање на системот за управување со бизнис процесите (BPMS) беше неодамна пуштен, со постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани предлози и планирање на соодветно тестирање на системот во текот на неделата и на наредните недели.
Беше направен преглед на постоечкиот прирачник за BPMS-от кој е планирано да биде и понатаму развиван до средината на јуни од страна на ИТ компанијата која го изработи системот, а воедно беа дадени и предлози на содржината и натамошни објаснувања.
Со претставниците на ИТ компанијата која го изработи системот за управување со бизнис процесите (BPMS) се водеа дискусии со цел да се дефинираат главните недостатоци на постоечкиот систем за кој е потребно веднаш да се обезбеди негова одржливост. Покрај тоа, се дискутираше за препорачани активности за понатамошно подобрување на BPMS системот, со цел да се дефинираат предлози за истите како и оптимален начин на нивно спроведување. Беа доставени и предлози за содржини за понатамошни краткорочни активности (до неколку месеци), за среднорочни активности (2-3 години) и во подоцнежната фаза (5-6 години), вклучувајќи ги и потенцијалните проекти финансирани од ЕУ или договор за снабдување за имплементирање на дел од препораките.
Со постојаниот твининг советник и постојаниот твининг советник од македонска страна исто така беа дискутирани предлози за термините и содржината на следните мисии кои се поврзани со имплементација на BPMS системот.
Материјали:

