ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
 

Како што е наведено во Прирачникот нa INECE -меѓународната мрежа за усогласување и спроведување на законите во животната средина,  да се има закони за животна средина не е доволно за да се решат проблемите во таа област. Владите мора да изнајдат начини како заедниците да ги исполнуваат барањата од законите за животна средина и да ги применуваат нивните регулативи. Успешните стратегии ќе поттикнат промени во однесувањето и ќе ги охрабрат членовите на заедниците да се придржуваат кон тие промени кои се клучни за да се постигне усогласувањето.

Усогласувањето и спроведувањето на програмите во животнатната средина претставува дел од сеопфатниот циклус на менаџмент во животната средина. Во пракса, овој циклус подразбира детектирање на одредени проблеми во животната средина од страна на заедниците и прифаќање за рашавање на тие проблеми од страна на владата. Владата во тие случаи утврдува посебни цели за решавање на проблемите и избира управувачки пристап за исполнување на тие цели. При утврдувањето на задолжителните барања владите мора да ја имаат предвид правната основа која се однесува на овие барања и на тој начин да утврди усогласување и спроведување на програмите за да се осигура дека заедниците ќе се придржуваат кон тие барања. Откако ќе почне имплементацијата, ќе треба да се применуваат евалуации и прилагодувања за континуирано подобрување и ажурирање на програмите.

Инспекцијата во животната средина, како дел од следење на примената, е една од клучните компоненти што владините и другите институции ја користат за да се осигураат дека заедниците се придржуваат кон законите и регулативите за животна средина. Таа се спроведува со посети на лице место од страна на лиценциран инспектор, со поднесување на јавен извештај за прекршокот и со разгледување на информацијата поднесена од страна на индустрискиот капацитет, како дел од програмата за само-следење и известување. Следењето на примената генерално ги опфаќа само-следењето од страна на ентитетот и владините инспекции и инстраги.

Спроведувањето се однесува на активностите преземени од страна на владата против сторителите на прекршокот со цел да ги обврзе да го применат законот. Тие одредби генерално, ја овластуваат владината институција да примени санкции, било административни, судски или кривични и да побара од сторителот на прекршокот да се придржува кон законот. Некои статути содржат одредби кои бараат од сторителот да ја поправи сторената штета во животната средина или пак владата да ја санира штетата но потоа да ја наплати санацијата од сторителот на штетата.

 
 
 
 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022