ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Околу проектот
 

Твининг Програма
Овој проект е дел од Твининг програмата на Европската комисија, која е создадена 1998 година. Твининг програмата овозможува јавната администрација и делумно јавните организации во државите кориснички да работат заедно со нивните пандански институции од државите членки на Европската унија. Главна одлика на Твининг проектот е да испорача специфични и загарантирани резултати. Страните се договараат однапред за остварување на деталните работни програми и за целите кои се однесуваат на приоритетните области од европското законодавство, како што е утврдено во Партнерството за пристап.

Основни податоци за проектот и содржина
главна цел на Министерството за животна средина и просторно планирање е да се подобри спроведувањето и усогласеностa со законодавството во животната средина за сите македонски граѓани, индустрии и останати заинтересирани страни. За таа цел планирани се три групи активности кои ќе бидат заеднички финансирани: (i) Твининг проектот со кој се поддржува инспекцискиот систем во животната средина на централно и локално ниво, (ii) Проект за техничка помош, со кој се подржува имплементацијата на законодавството во животната средина во делот на оговорностите на општините, и (iii) Договор за обезбедување на различни видови на опрема и софтвер за подобрување на условите за работа на инспекторите за животна средина на централно и општинско ниво. Трите активности ќе бидат реализирани во периодот 2015-2016 година.

Твининг проект: Цели
За да се постигне општата цел во придонесот за подобрување на заштитата на животната средина во земјата, и на централно и на локално ниво, овој проект има за цел да се зајакнат капацитетите на инспекциските органи за животна средина за спроведување на законодавството во животната средина на централно ниво (Државен инспекторат за животна средина (ДИЖС) и на локално ниво (општините).
Имајќи ја предвид намената, проектот ги има следните главни цели:

  • Да се утврди оптимизиранa институционална рамка за ефикасен инспекциски систем за животната средина.
  • Да се прегледа и подобри спроведувањето на законската рамка.
  • Да се подобрат практиките на инспекциски тела преку подобро планирање и обука.
  • Да се обезбеди поддршка во подготвката на бројни алатки, како што се интернет страница, информациски систем за управување, водичи за инспектори и за сопственици на индустриски капацитети и листи за проверка за одредени специфични сектори.

Компоненти во проектот

Во соглсаност со целите, проектот има три компоненти:

  • Зајакнати административни капацитети за спроведување на законодавството во животната средина:
    • ќе се реализира правна и институционална проценка на тековната инспекција и спроведување на системот во животната средина. Врз основа на тоа ќе бидат дадени препораки за подобрување и ќе се изготви програма за зајакнување на административните капацитети на инспекциски тела во животната средина.
    • Ќе се достават водичи за инспектори и за сопственици на индустриски капацитети и листи за проверка на одредени индустриски активности поврзани со прашања од животната средина.
    • Ќе се подготви и спроведе програма за обука со соодветни материјали.
    • Ќе бидат организирани студиски посети во земјите-членки на ЕУ.
  • Подобрена ефективност  на системот за инспекција во животната средина:
    • ќе се изработи нов закон за Државниот инспекторат за животна средина. Ќе се идентификуваат  соодветно празнините во законодавството за заштита на животната средина.
    • Ќе се дискутира за методологијата за планирање на ризици.
    • Ќе се изработи интернет страница на Државниот инспекторат за животна средина и за Проектот.
    • Ќе се реализираат серија на теренски инспекции вклучувајќи заеднички инспекции со посебен фокус на областите ИСКЗ/ Дирекривата на индустриски емисии, квалитет на воздух и квалитет на вода.
    • Ќе се пренесат препораките на Европската унија за инспекција во животната средина, ќе се подготват и реализираат соодветни програми за обуки.
  • Подобрено управување со инспекцискиот систем за информации и известување:
    • Ќе се дискутира за испорачаниот систем според договорот, опишан во делот "Основни податоци за проектот и содржина", и ќе се дадат препораки за негово оптимизирање.
    • Ќе се дискутира за софтверската алатка Методологија за интегрирана проценка на ризици-ИРАМ.

За време на спроведување на активностите освен работа со надлежните овластени лица за животна средина, ќе се одвива и ширење и интерактивност со останатите чинители како што се индустријата, невладините организации и целата поширока јавност.


Податоци за проектот
Наслов: „Зајакнување на административните капацитети на државно и локално ниво за спроведување на acquis во областа на животната средина“ Твининг број MK 10 IPA EN 01 14 (MK 10 IB EN 01)
Буџет: € 1.000.000
Период на имплементација: 19 месеци
Почеток на имплементација: 12 јануари 2015
Главна институција -корисник наведена во проектното фише: Државен инспеткторат за животна средина 
Институции од Земјите членки поврзани со земјата корисник

Клучни лица

Фирус Мемед

Раководител на проектот од македонска страна

Jose Francisco Alonso Picon

Раководител на проектот од шпанска страна


tel: +34 981 541 740

Rob Kramers

Раководител на проектот од холандска страна


tel: +31 646 430 911

Дарко Блинков

Постојан твининг советник од македонска страна


tel: +389 754 044 10

Cesar Seoanez

Постојан твининг советник- РТА


tel: +389 713 777 12

Лидија Фајдига

Асистент на РТА


tel: +389 713 214 81

Јасмина Никуљска

Преведувач


tel: +389 702 368 11

 

Клучни документи:

 
 
 
 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ДИЖС презема превентивни мерки за заштита од Корона вирусот
12.03.2020

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми