ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
 

Овој дел ги опфаќа новостите, што треба секогаш да се ажурирани, за проектот и информации за активностите што се преземаат во текот на целото траење на проектот.

Спроведување на законите за животна средина во ЕУ

ИМПЕЛ ( IMPEL)

Како што е наведено на нивната веб-страница, Мрежата за примена и спроведување на  на Законите за животна средина на Европската Унија (IMPEL) е меѓународна непрофитабилна асоцијација на органите за животна средина на Земјите членки на Европската Унија, пристапните и земјите кандидати за влез во ЕУ, и земјите членки на ЕЕА и EFTA.

Асоцијацијата е регистрирана во Белгија и во Брисел се наоѓа и нејзиното правно седиште и Секретаријатот.  Во моментов IMPEL има 48 членови од 34 земји, тука спаѓаат сите земји членки на ЕУ, Турција, Албанија, Исланд, Швајцарија, Норвешка и нашата земја.

IMPEL е формирана во 1992 година како неформална Европска Мрежа на органи и регулаторни тела засегнати со примената и спроведувањето на законите за животна средина. Целта на Мрежата е да создаде потребен поттик во ЕУ за да се подобри и да се дојде до поефикасно спроведување на законодавството за животна средина. Јадрото на активностите на IMPEL го сочинуваат: подигнување на свеста, градење капацитети, изготвување извештаи, размена на информации и искуства во областа на примената, соработка на меѓународно ниво и промоција и поддршка за практиката и спроведувањето на европското законодавство за животна средина. Асоцијацијата, своите активности главно ги извршува во рамките на различни проектни структури.

IMPEL е веќе развиена и добро позната организација, се спомнува во голем број документи од законодавството на ЕУ, како на пример: Одлуката 1386/2013/ЕУ на Европскиот Парламент и на Советот од 20 ноември 2013 за Програмата за акција за Генерална Унија во животната средина до 2020 година „Да се живее добро во границите на нашата планета„ со кој се утврдува Седмата Програма за акција за животна средина на заедницата, Препораката 2001/331/ЕС на Европскиот Парламент и на Советот од 4 април 2001 за обезбедување на минимум критериуми за инспекција во животната средина кај Земјите членки (RMCEI), Извештајот од Комисијата до Европскиот Парламент, Советот, Европскиот економски и социјален Комитет и Комитетот на регионите за имплементација на Законот за животна средина на Европската Комисија и Насоките за проценка на влијанието на Европската Комисија.

Информации за земјите
Информации во врска со  инспекцијата во животната средина и спроведувањето на законите кај некои од земјите на Европската Унија:

Шпанија

REDIA
Поради децентрализираниот административен режим во Шпанија, надлежностите за инспекција во животната средина се претежно на регионално ниво, во секој од 17 региони во Шпанија. Со цел да се усогласи инспекцијата во земјата и да се разменат добрите практики, создадена е REDIA Мрежа за Инспекција во животната средина. Повеќе за оваа мрежа, за нејзините карактеристики и за нејзиното формирање можете да прочитате на следниве презентации:

Холандија
Во текот на минатата година Холандскиот законски систем за животна средина претрпе големи промени. Од 01.10.2010, Директивата на IPPC претежно е имплементирана во Законот за општи одредби во животната средина (Wabo) и Холанскиот документ за води.  Wabo е закон што ги регулира „сe во едно„ дозволите за физичките аспекти. Тоа е процедурален закон што го регулира системот за дозволи за градење и користење на инсталациите. Делот на животната средина од оваа дозвола е сличен со претходниот систем кој се употребуваше, регулиран со поранешниот Документ за управување во животната средина.  Wabo во себе ја содржи интегралната лиценца за животна средина што ги регулира сите аспекти на животната средина на индустриските постројки освен емисиите на вода чија лиценцата се добива во согласност со Документот за вода и емисија на води.

Дозволи
Во Холандија, IPPC-инсталациите треба да имаат „сe во едно„ дозвола за физичките аспекти која што, во голем број случаи, ја издава Регионалниот/Провинциски орган ( на пр. за рафинерии, енергетска индустрија, производство на основни челични профили и хемиска индустрија). Во случај на обемно одгледување на живина и свињи, дозволите ги издава Општината. Ако една  IPPC-инсталација испушта отпадни води директно во површински води потребна е исто така и дозвола за вода. Одговорен орган за дозволите за вода може да биде Генералниот Директорат за Јавни Работи и управување со вода (Rijkswatersraat), Одборот за води или регионалната власт.  IPPC-инсталациите може да бидат предмет на некои декрети со општи обврзувачки правила како дополнување на дозволата. Вакви декрети на пример се: Директивата за Големи Фабрики за согорување (2001/80) и Директивата за согорување на отпад (200/76)

Спроведување
Компетентните власти за издавање на Дозволата „сe во едно„ се одговорни за спроведување на дозволата и другите одредби наведени во Документот кој произлегува од Управниот закон. Во мал број ситуации, претежно поврзани со тешката индустрија, регионалните власти се овластени за спроведување на одредени прашања.
Утврдени се посебни барања/услови за подобрување на квалитетот на спроведувањето. Документот исто така го уредува и министерскиот надзор за извршување и спроведување на системот за Дозволата „сe во едно„. Целокупниот надзор е извршен од страна на Инспекторатот на Министерството за Инфраструктура и Животна средина. Органот кој што е одговорен за издавање на Дозволата за вода е во исто време и надлежен за спроведувањето на истата.

Холандски Центар за знаење ИнфоМил
Со цел да им се обезбеди полесен пристап, на државните и приватните чинители, до информациите за законите, за постапките и слично, во 1995 е формиран Холандскиот Центар за знаење ИнфоМил кој е првичен извор на информации и практики поврзани со законодавството и политиката за животна средина во Холандија. Тоа е владина агенција со околу 100 вработени и има улога на посредник меѓу различните органи и целните групи во Холандија во областа на дозволите за животна средина и нивното спроведување. Тоа е неутрална организација, дел од агенцијата  Rijkswatersraat која е дел од Министерството за Инфраструктура и Животна средина, и работи единствено по барање на Владата. ИнфоМил работи врз основа на политиката на владата и нејзините инструменти, како што се законите, одредбите, регулативите, декретите и правилниците. Главен фокус на ИнфоМил се општините и регионите и други тела од кои се очекува спроведување на оваа политика.
ИнфоМил обезбедува прирачници, обуки, работилници и инфоцентар во врска со законодавството од животна средина, неговото спроведување и издавање дозволи. Исто така се одржува обука за имплементација на IPPC. На меѓународно ниво, ИнфоМил учествува во европските мрежи (како IMPEL). Обезбедува информации за Холандија и учествува во голем број технички работни групи како ВАТ во Севиља. Исто така е и холандски ВАТ Центар и е задолжен за изготвување на Извештаите на IPPC и нивно доставување до Брисел. Меѓународното одделение на ИнфоМил е активно во градење на капацитетите 8 години.

Холандско Министерство за Инфраструктура и Животна средина
Холандското Министерство за Инфраструктура и Животна средина е одговорно за различните видови транспорт со цел безбедна и соодветна достапност до сите објекти, компании и живеалишта во државата, безбедност во случај на поплави, обезбедување на добар квалитет на водата во земјата како и за сите други аспекти поврзани со животната средина.

Ова Министерство има вкупно 13.000 вработени, вклучувајќи ги и повеќето од 9.000 на регионални извршни позиции  (Rijkswatersraat Агенцијата), како инспектори за воздухопловство, инженери за патишта и градители на мостови. Одделенијата за политика се сместени во Министерството во Хаг.

Холандски Служби за животна средина
Холандските служби за животна средина (25) се извршни институции на регионално ниво. Тие се одговорни за издавање дозволи, за инспекциите и за спроведување на одредбите што се предмет на IPPC/IED. Службите за животна средина ги извршуваат овие обврски и во име на 12 Провинции/Региони.

Холандска Комисија за Проценки во животната средина (NCEA)
Тоа е независно советодавно тело сочинето од експерти и има статуторна улога во Постапката за проценки во животната средина во Холандија. NCEA ги советува владите за квалитетот на информациите за животната средина во извештаите за проценка во животната средина (EIA или SEA Извештаи). Онаму каде што е потребно, NCEA дава совети и за можните услови и за мониторингот во животната средина. И за холандската и за меѓународната пракса за проценки во животната средина NCEA игра улога на центар за знаење, со on-line инфо центар, публикации и услуги. Во име на холандското Министерство за Инфраструктура и Животна средина, NCEA го има споделено холандското искуство за проценки во животната средина на билатерално ниво со повеќе земји вклучувајќи ја и нашата земја.

Институт ASSER
Институтот ASSER е фондација која за цел има извршување и одржување научни истражувања и обуки во областа на меѓународното и европското право. Тоа е непрофитна организација основана од холандското Министерство за образование, култура и наука и управувано од Универзитетот во Амстердам. Персоналот од Институтот имаат статус на државни службеници и се вработени од страна на Универзитетот од Амстердам и прераспределени кон Институтот Asser. Институтот Asser е единствен центар кој ги спојува знаењето и искуството и ги применува во истражувањето, образованието и обуката, менаџирањето и ширењето на знаењата публикации и организирање на академската заедница. Онаму каде што се применува Европскиот закон за животна средина експертите од Институтот придонесуваат во голем број програми за приближување и обука во Централна и Источна Европа и на други места ширум светот. Нивна главна цел е воведување и подобрување на законодавството за животна средина и негова ефикасна примена и спроведување.

 

ПОРТУГАЛИЈА

ИГАМАОТ

Генералниот Инспекторат за земјоделство, мориња, животна средина и просторно планирање (ИГАМАОТ) е Институција на централно ниво директно под Државната Администрација со своја административна автономија. Инспекторатот е под Министерството за животна средина, просторно планирање и енергија (МАОТЕ) и Министерството за земјоделство и море (МАМ).

Мисијата на ИГАМАОТ е да помага во извршувањето и управувањето со одделенијата и секторите кои припаѓаат на Министерството за животна средина, просторно планирање и енергија (МАОТЕ) и Министерството за земјоделство и море (МАМ) или други агенции под нивен надзор, преку ревизии и контроли со цел да се изврши проценка за правилната распределба на Националната и Европската финансиска помош и да се обезбеди следење и проверка на усогласеноста со прописите од областа на животната средина и просторното планирање.

Инспекторатот ги има следниве надлежности:

  • Изведување, со систематска основа, ревизии, инспекции и други мерки за контрола на дејноста која се изведува од страна на службите и лица зависни или подредени на наведените министерства (MAOTE и МАМ);
  • Вршење инспекции на приватни и јавни субјекти чија дејност има влијание врз животната средина и воспоставување мерки за спречување или елиминирање на ситуации на сериозна опасност по здравјето, безбедноста на луѓето, имотот и животната средина;
  • Вршење инспекциски активности во рамките на Министерството за животна средина, просторно планирање и енергија и меѓу субјектите во централната и локалната администрација, со цел да се следи и оценува усогласеноста на законитоста во контекст на планирање на просторот;
  • Вршење одредени функции на крим-полицијата во однос на кривични дела поврзани со исполнувањето на својата мисија во поглед на влијанието врз животната средина, независно од овластувањата и надлежностите на други субјекти;
  • Воспоставување, следење и решавање на случаите на животната средина како административен прекршок според еколошкиот прекршочен рамковен закон, како и во други случаи утврдени со закон, како и издавање Извештај за прекршок, кога прекршокот е потврден;
  • Спроведување анкети, истражувања и други мерки утврдени од страна на високо управувачко тело на министерствата;
  • Советувања и подготвање студии за прашања поврзани со нејзините надлежности;
  • Учествува во подготовката на законодавството;
  • Следење на финансискиот сектор на ниво на министерствата (MAOTE и МАМ), во рамки на целите и (мулти) -годишни цели во Системот на внатрешна контрола (SCI) на Државниот финансиската администрација;
  • Координира интервенции на Министерството за земјоделство и море (МАМ) во врска со Националниот систем за ревизија на Националниот план поврзан со Интегрираната Повеќегодишна Контрола (PNCPI) и извршува надворешна ревизија и оценка на системите за внатрешна ревизија и контрола спроведени од страна на власта и официјални лица поврзани со безбедноста на храната;
  • Обезбедува националната координација и спроведување на „ex post„ контролите на корисниците на помош финансирана од страна на Европскиот земјоделски гарантен фонд (FEAGA) и Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (FEADER);
  • Преземање на инструкциите на дисциплинските постапки во министерствата и агенциите предмет на менторство на наведените министерства (MAOTE и МАМ);
  • Обезбедува национална застапеност и координација со други државни органи, со Комисијата и земјите членки на Европската, учествува во мисиите на Заедницата воспоставува надворешни односи на соработка во полето на дејствување.

IGAMAOT има матрична структура и неговата дејност се одвива преку  проекти и активности во рамките на одговорноста на мултидисциплинарни тимови кои имаат функционална мобилност основа. Инспекторатот е предводен од страна на еден инспектор и 3 заменици. Во моментов има 16 шефови на единици и 65 инспектори, од кои 26 работат во областа на интервенцијата  во животната средина. Вкупниот број на вработени е 132.

Инспекторатот во моментов минува низ процес на длабока технолошка модернизација во 3 различни ИТ платформи: интернет портал, внатрешно управување, информативен систем и географски информатички систем. Овој проект ќе креира нова внатрешна динамика и тоа ќе додадете иновации и ефективност во работата.

Контролата и инспекцијата на активностите во сферата на животната средина е една од интервентните области кои се дел од матрична структура  на IGAMAOT . Оваа интервентна област (CIА) е одговорна за вршење инспекции на приватни или јавни субјекти во проблемите поврзани со животната средина, воспоставување на неопходни мерки за спречување или елиминирање на ситуации кои предизвикуваат сериозен ризик за животната средина, јавното здравство, безбедноста врз имотот и луѓето. Операционализацијата на ова интервентно подрачје се врши преку следните 3 мултидисциплинарни тимови: Тим за управување со отпад , со метали и минерали  во индустријата (RMM), SEVESO / REACH тим,  и Менаџерски тим за канализација и индустриски гасови (AREI).

Други овластувања и надлежности во обласна на контролата во животната средина во Португалија

IGAMAOT е единствениот државен орган одговорен за вршење на интегриран инспекциски надзор во животната средина, за покривање на целиот спектар на acquis од областа на животната средина, како и SEVESO / REACH инспекцииTE.

Португалската агенција за животна срединаАПА (APA) е одговорен за IPP(CИСКЗ) /EID дозволи и за спроведување на политиките за животна средина во врска со климатските промени, загадувањето на воздухот, ОВЖС, отпад и спречување на ризици. АПА(АPА) е исто така одговорна за еколошка едукација, учество и информирање на јавноста и управување со референтната лабораторија за животна средина. АПА има 5 Сектори за Регионални речни басени  кои се одговорни за издавање на дозволи за испуштање на отпадни води (како и дозволи за секоја употреба на речните ресурси) и за вршење на контрола и  акции во рамките на кои е надлежноста на дозволата. Тие сектори се одговорни и за плановите за управување со речните сливови и за мониторинг на квалитетот на водата мрежа.

Постојат 5 Комитети за регионална координација и развој (CCDR), што се всушност регионални власти за отпад, одговорни за издавање на дозволи за не- ОВЖС оператори за управување со отпад и за вршење контрола на активностите во рамките на таа надлежност, и, исто така, на атмосферски гасови и бучава. CCDR врши, на ниво на респективната географска област, политика во врска со животната средина, просторно планирање, регионален развој и урбана преквалификација. Овие органи, исто така, даваат поддршка на општините и здруженијата.

Републичката Националната гарда  (GNR) има бригада за животната средина (SEPNA). Полицијата за Јавнабезбедност (РЅР), исто така, има бригада за животната средина (BriPas).  Двете бригади за животна средина вршат контроли на помали инсталации, главно оператори за управување со отпад. SEPNA е одговорна за 24 часовна заштита на животната средина и има линија за итни повици (СОС телефонска линија за заштита на животната средина), која е достапен за поплаки и пријави на недостатоци во животната средина.

Постои тесна соработка и заеднички инспекции со SEPNA и BriPas во активностите на TFS и други заеднички кампањи.

Спроведување на инспекцискиот развој во животната средина во Португалија

Секторот за Интервенција во областа на животната средина (ЦИА) ги врши рутински инспекции кои вклучуваат интегрирани прегледи (проверка на усогласеноста со целото acquis на животната средина), SEVESO инспекции, REACH инспекции, следење (follow-up) на инспекции и прегледи на одредени конкретни кампањи (како TFS кампањи) и не-рутински инспекции кои се поврзани со жалби, институционални барања, несреќи / инциденти, истраги делегирани од страна на Јавниот обвинител и потерници.

Сите активности на инспекција се ненајавени (освен за некои SEVESO инспекции). При известување за повреда/прекршок се издава допис до операторот и тој го добива извештајот заедно со известувањето за повреда. Освен ова, извештајот е испратен до операторот веднаш штом е склучен договорот.

IGAMAOT има база на податоци (gestigaot), кој вклучува: инспекциски извештаи, известувања за повреда, известувања за земање примероци, евиденција на сите активности на IGAMAOT,  постапки преземени од обвинителството, листа на прекршоци, линк до еколошки дозволи и линк до SIG.

Планирање на инспекции

IGAMAOT ги извршува своите активности во согласност со RMCEI (Препорака на минимум критериумипри инспекцијата во животната средина) и ги спроведува во согласност со методологијата на планирање која е опишана во IMPEL Упатството "Правилно извршување на работите". Секој годишен план за работа ги воспоставува мулти-годишните цели во согласност со соодветните инспекциски цели и индикатори, за да се постигне целта за подобрување на усогласеноста  во животната средина во рамките на одредени сектори и нивните активност. Овој годишен план за работа е стратешки, јавен документ. Инспекцискиот распоред кој ги одредува компаниите кои треба да се проверат, кога и од кого, е дел од програмата за проверка (тие не се јавно достапни). До неодамна овие програми за инспекција беа правени со месечна фреквенција а сега тие се изготвуваат за тромесечие.

Годишниот план за работа, исто така, вклучува спроведување на кампањи насочени кон конкретни области или проблематична сектори. Овие кампањи се концентрирани во одреден временски период и / или одредено географско подрачје / област.

Еден од приоритетите којшто беше прикажан во последните годишни планови е развојот на проценка на ризикот при планирање на активности, како и алатки кои ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста на инспекциски работи (како што се листи за проверка и соодветни документи) .

IGAMAOT веќе ги спроведува проценките на ризикот и ги применува во IPPC/EID (ИСКЗ / IED) инспекции, инспекции на урбани отпадни води и растенија и при планирање на REACH инспекциите. Критериумите за ризик веќе се развиени и се спроведуваат при проценка на ризикот за инспекциите SAVESO и за инспекциите на управувањето со отпадот кај оператори кои примаат отпад од електрични и електронски отпад. Новата алатка за проценка на ризикот развиен од страна на IMPEL (ИРАМ, развиен од страна на IMPEL проектот "Easytools") беше имплементиран од страна IGAMAOT.

Обука на инспекторите за животна средина

Поголемиот дел од инспектори имаат универзитетска диплома.

Постои правна основа за регрутирање на нови инспектори, како и постапки за вработување. Постои одобрување по специфична обука која се одвива за време на експериментални временски период (најмалку 6 месеци обука). Во текот на првата година,  новите инспектори вршат заеднички инспекции со високи претставници на инспекторите за да научат како да се изврши инспекциски надзор на животната средина.

На почетокот на секоја година се прави индивидуална идентификација на потребата од обука и се прави и доквалификација на идентификуваните потреби и тие се промовираат. Поради моменталните буџетски ограничувања, IGAMAOT врши промовирање на внатрешна обука, обезбедена од страна на повеќето искусни инспектори или раководители на единици. Во случајот на REACH, ECHA обезбедува обука на обучувачи и сесии на преку кои им се овозможува доквалификација на инспекторите кои потоа може да ја спроведат обуката на нивните колеги.

Развиени алатки за поддршка на инспекциските активности

  • База на податоци "gestiagot" – оперативна од 2003 година - инспекторите ја користите оваа база на податоци за да ги завршат своите извештаи од инспекцијата и за да имаат пристап до сите достапни информации за компании и сродни внатрешни процеси кои би можеле да постојат;
  • Упатство за инспекција на животната средина;
  • Водич за SAVESO инспекција;
  • Правни Упатства за поддршка на инспекции во животната средина;
  • Неколку чек листи за проверка на прашањата поврзани со безбедноста на запалливи супстанции / течности, течни гасови и резервоари за складирање на експлозивни материи;
  • Чек листа за вршење инспекции на депонии;
  • Чек листа за податоци за безбедноста;
  • Упатство за методологија за вршење на мерења на бучавата;
  • Студии/Елаборати за одредени индустриски сектори или активности со влијанието врз животната средина;
  • Технички упатства за посебни сектори;
  • Проценка на ризикот и системи за планирање на IPPC/EID (ИСКЗ / IED) инспекции, урбан третман на отпадни води и REACH инспекции.
 
 
 
 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Информација за инспекциски надзори во Охис
29.07.2020

ДИЖС презема превентивни мерки за заштита од Корона вирусот
12.03.2020

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми