Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став (4) од Законот за административните службеници (,,Службен весник на Република Македонија” бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македоноја “ бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22), а во врска со член 41 став (1) точка 2 и член 41 став (2) од Законот за инспекциски надзор (,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 102/2019) и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 11/2015, 35/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр.303/2020), објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023
За унапредување на 4 (четири) административни службеници
во
Државниот инспекторат за животна средина
Државниот инспекторат за животна средина, објавува интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следните работни места:
- ИНС 0101Б02001 – Раководител на сектор – Главен инспектор, Сектор за инспекциски надзор во природата.
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 44.103,00 ден.
- ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за инспекциски надзор во природата – регион Запад, Сектор за инспекциски надзор во природата.
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 32.230,00 ден.
- ИНС 0101Б04001 – Раководител на одделение – Виш инспектор, Одделение за водостопанска инспекција – регион Запад, Сектор за водостопанска инспекција.
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 32.230,00 ден.
- УПР 0101В01001 – Советник за стручно–административни и нормативно-правни работи, Одделение за општи и правни работи и јавни набавки, Сектор за координација, општи и правни работи и јавни набавки.
- 1 (еден) извршител,
- Паричен нето износ на плата: 28.741,00 ден.
Кандидатите за наведените работни места потребно е да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:
- Државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-стручни квалификации:
- За сите нивоа од категорија Б – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
работно искуство:
Б2 - најмалку пет години работно искуство по дипломирањето од кои најмалку две години како инспектор;
Б4 - најмалку четири години работно искуство по дипломирањето од кои најмалку една година како инспектор;
-стручни квалификации:
- За нивото В1 – ниво на квалификација VIА според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен ;
-работно искуство:
В1 – најмалку три години работно искуство по дипломирањето
Oпшти работни компетенции:
- решавање на проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- положен испит за административно управување
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација, како и:
- Да е оценет со оцена ,,А” или ,,Б” при последното оценување на кое бил оценуван,
- Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во кое е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- Да поминал најмалку две години на истото ниво и
- Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
-Превземи ја пријавата
Распоред на работно време:
- Работни денови : Понеделник – Петок
- Работно време: 08.30 часот и завршеток на истото во 16.30 часот
Заинтересираните административни службеници поднесуваат писмено пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, преку писарницата на Државниот Инспекторат за животна средина до организационата единица за управување со човечки ресурси, како и на службената електронска адреса info@sei.gov.mk, најдоцна до рокот утврден во овој оглас.