ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ
ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Одржан состанок на платформата за Еколошка Правда во просториите на МАНУ: Нови иницијативи и избор на претседател

Во просториите на МАНУ-Македонска Академија на Науки и Уметности одржан состанок на платформата за Еколошка Правда на која беше направен кус осврт на активностите од претходните 2 години од страна на досегашниот претседател Академик Владо Камбовски, беа избрани нов претседател Никола Јовановски од ЦПИА-Центарот за Правни Истражувања и Анализи кој брифираше за новиот проект “Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан”, како и потпретседател Бојан Трпевски од Македонското Здружение на Млади Правници-МЗМП.

На состанокот Државниот Советник од Министерството за правда Никола Прокопенко даде осврт на новата Директива за Еколошки Криминал, а адвокатот Жарко Хаџи-Зафиров имаше осврт на предметот инициран во врска со квалитетот на амбиентниот воздух при што се очекува одлуката од страна на Врховниот Суд.

На состанокот присуствуваа претставници од МВР, македонскиот Архус Центар, Еко-свест, Директорката на Академијата за Судии и јавни обвинители “Павел Шатев”, а беше развиена плодна дискусија за предизвиците во блиска иднина во однос на тематиката за еколошка правда.

ДИЖС учесници: Дарко Блинков, Генерален Инспектор за животна средина кој ги извести присутните за новиот ЕУ Твининг Проект и силната поддршка која ја дава ДИЖС на Платформата за Еколошка Правда.

Поздравно обраќање имаше и Мануел Салгадо Бланко од Инспекторатот за животна средина од Регионот Галиција, Шпанија кој во наредните 2 години ќе биде Постојан Домашен Советник од страна на ЕУ при реализацијата на проектот.

Мета податоци
Контакт
Државен инспекторат за животна средина
Палата „Емануел Чучков“, 5ти спрат,
Центар, Скопје 1000,
Република Северна Македонија
Skip to content