ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
10.12.2020 | Итно преиспитување на елаборат за третман на медицински отпад

Итно преиспитување на елаборат за третман на медицински отпад

До Државниот инспекторат за животна средина беше доставено Барање за преиспитување на одобрен Елаборат за заштита на животна средина за инсталација за собирање, третман и отстранување на опасен отпад, изработен за инвеститорот Ремондис Медисон ДОО Битола. Барањето беше доставено од страна на граѓани од општина Гази Баба, собрани во Иницијативен одбор за депонијата Вардариште. Елаборатот го имаа добиено преку слободен пристап до информации од јавен карактер.

Имено, барателот се противи на лоцирање погон за собирање и преработка на медицински отпад и секаков друг вид опасен отпад на Кванташки пазар, во непосредна близина на погони за производство и дистрибуција на храна (месни индустрии „Солета“ и „Римес“, како и трговија со храна „ЈС Актуел“). Нивната загриженост е уште поголема поради информацијата дека сегашниот инвеститор Ремендис Медисон ДОО Битола е всушност наследник на фирмата за собирање и преработка на медицински отпад „Еко клуб“, во јавноста позната по нивното несоодветно постапување со медицинскиот отпад. Инспекторатот на Градот Скопје минатата година при увид на лице место утврди дека медицинскиот опасен отпад, наместо да се обработи на висока температура и да се уништат микроорганизмите, се меле, се товари на камиони и се фрла на комунална депонија, спротивно на законот, со што станува загадувач на градот и извор на зарази. За ова сомневање градскиот инспекторт достави пријава до Јавното обвинителство.

Граѓаните од Гази Баба се загрижени што овој Елаборат е веќе одобрен со Решение за одобрување од Министерството за животна средина, па бараат поништување на Решението, за да не се случи во време на пандемија од погонот да се ослободуваат патогени и други опасни материи, поради неприменување на соодветни законски пропишани третмани на отпад.

Државниот инспекторат изврши увид во Елаборатот за заштита на животната средина и беа утврдени сериозни недостатоци, особено бидејќи на инвеститорот му се одобрува, спротивно на закон, да врши стерилизација на хемикалии и патоген отпад. Хемикалии, лекови, вклучително и цитостатици, што со Елаборатот се предвидени за стерилизација, може  безбедно да се третираат само во печки за спалување што обезбедуваат високи стандарди за животна средина, а такви нема услови да се постават на таа локација. Дополнително, на локацијата се одобрува складирање на отпадни масла што содржат полихлорирани бифенили, а овие масла се канцерогени и за нивно собирање и третман има исто така многу строги стандарди, што со Елаборатот не е обработено. Опишаната постапка за стерилизација на медицинскиот отпад не дава информации на кој начин ќе се спречи испуштање на патогени материи во водухот, односно не е предвидено да се вгради таканаречен ХЕПА филтер. Овој Елаборат има и многу други недоследности кои укажуваат на потребата од негово преиспитување.

Државниот инспекторат за животна средина достави барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за преиспитување на донесеното Решение за одобрување на Елаборатот, за да се зачува законитоста на постапките со кои се обезбедува здрава животна средина.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022