ПРИЈАВИ ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ИНСПЕКЦИСКИ АКТИ КОНТАКТ/ЛОКАЦИЈА
 
ДИЖС
Неделни извештаи за инспекциски надзори на ДИЖС
Регистар на субјекти на надзор и инспекциски извештаи
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
 
Новости и Активности
 
03.4.2021 | Инспекциските постапки на Државниот инспекторат даваат позитивни и охрабрувачки резултати

Инспекциските постапки даваат резултат: 
✅ вградени се филтри во Пејпар Мил
✅ вградени се филтри во асфалтната база Кооп инжинеринг
✅ изведени се докази за концесијата во Средно Коњаре


1. Вградени филтри во Пејпар Мил
Пејпар Мил до Инспекторатот достави информација за набавка и инсталирање на нов филтер и план за мерење на емисиите во воздухот што ќе се вршат во период од две недели, додека да се изврши штелување и прилагодување на процесот на пробна работа со филтерот.
Со новиот вреќаст филтер емисиите на прашина би требало да се спуштат под 50mg/m3, односно да бидат три пати пониски од вредностите што во моментот се пропишани со А интегрираната еколошка дозвола. Од Пејпар Мил беа доставени и предлози за акредитирани лаборатории што ќе ги вршат мерењата во текот на пробната работа, а со цел постигнување на вредностите од 50mg/m3. 
Инспекторатот ангажираше вештак за проверка на нивните акредитации и ги утврди  методите што ќе мора да се користат при мерењата на загадувачките материи, заради добивање меродавни резултати. Пејпар Мил ќе треба од Министерството за животна средина и просторно планирање да побара и добие измена на А интегрираната еколошка дозвола за да се ажурираат направените технолошки промени и да се намалат граничните вредности од 150mg/m3 на 50mg/m3.


2. Вградени филтри во асфалтната база Кооп Инжинеринг во Куманово
Aсфалтната база Кооп Инжинеринг во Куманово, која пред две недели доби забрана за работа, вгради филтер и ги постигна граничните вредности, со што продолжи со работа.


3. Изведени докази за концесијата во Средно Коњаре
Во врска со концесијата за ископ на песок и чакал во Средно Коњари, а по добиено мислење од Управата за хидрометеоролошки работи, Државниот инспекторат за животна средина нарача Геодетски елаборат со цел проверка на усогласеноста со ставовите 1 и 2 на член 6 од Договорот за концесија. Геодетските мерења кои беа неколку пати спречувани од страна на концесионерот, конечно се реализираа со полициска асистенција.


Одредбите на членот 6 од Договорот за концесија се следните:

1. “експлоатацијата на минералната суровина треба да се врши надвор од крајбрежниот појас во широчина од 50 метри зад линијата на допирање на педесетгодишната вода кај нерегулираните водотеци” 
2. “кога при вршењето на експлоатација на минералната суровина и други активности на ископување на земјиштето ќе се случи излевање на подземни води, веднаш да се прекине со активностите и да се извести Министерството за животна средина и просторно планирање”

Геодетскиот елаборат ги дава следните заклучоци:

● концесиското поле во голем дел влегува во максималниот опфат на плавни површини при појава на големи води со веројатност на појава од 50 години, што е спротивно на член 6 став 2 од Договорот за концесија, 
● снимени се точки на терен кои претставуваат обиколка на водна површина и утврдено е дека на одреден дел езерцето излегува од границите на концесиското поле”;

Во однос на копање под нивото на подземните води, со геодетското мерење не биле прибавени докази заради нестабилност на теренот, но добиено е Мислење од Геолошкиот со кое се утврдува дека: “Котата на подземна вода варира во текот на годината во зависност од временските услови. Постои веројатност водата што ги исполнува ископите да е поврзана со подземната вода”.

За неправилностите утврдени со Геодетскиот елаборат и другите документи прибавени во текот на постапката во понеделник ќе биде известено Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за техничка инспекција и Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2023 За унапредување на 4 (четири) административни службеници во Државниот инспекторат за животна средина
10.4.2023

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став ( ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
29.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 од Законот за администрати ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 673/2022
21.12.2022
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 2/2022 За унапредување на 1 (еден) административен службеник
15.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2022 За унапредување на 4 (четири) административни службеници-инспектори
05.12.2022

Државниот инспекторат за животна средина, врз основа на член 48 став 4 ...

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 581/2022 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Државен инспекторат за животна средина
26.11.2022