KICK-OFF НАСТАН ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЦЕНТРАЛНО И ЛОКАЛНО НИВО
На ден 28 април во просториите на Државниот Инспекторат за животна средина во објектот на Стара Комерцијална Банка-Конференциска Сала, се одржа настан за презентација на двата проекта кои започнаа во јануари 2015 година за имплементирање на законодавството за животната средина на локално ниво-Техничка помош и Твининг Проектот за зајакнување на административниот капацитет за спроведување на законодавството од животната средина на централно и локално ниво.
На свеченоста присуствуваа околу 120 гости, а поздравни обраќања имаа Шефот на Делегацијата нa ЕУ во Република Македонија Н.Е Аиво Орав, Шпанскиот Амбасадор во РМ Н.Е Рамон Каранза, Заменикот Шеф на Мисијата на Амбасадата на Холандија во Република Македонија Н.Е Петер Ферхеинен, Министерот за животна средина и просторно планирање Г-динот Нурхан Изаири и Директорот на Државниот Инспекторат за животна ссредина Г-динот Фирус Мемед.
За време на настанот беа презентирани активностите на двата проекта од страна на Проектните Координатори, а исто така беше презентирана и донацијата од страна на ЕУ на 12 возила, опрема за индикативни мерења на воздух, бучава и вода, ИТ опрема за Инспекторатот, Министерството и Општините, а покрај претставниците на двата Проекта од земјите челнки на ЕУ кои го спроведуваат Проектот-Координаторите и експерти од Шпанија, Холандија и Министерството за животна средина и просторно планирање, беа присутни и претставници на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Министерството за Финансии-ЦФЦД Одделението, локалната самоуправа, ЗЕЛС, индустријата, невладин сектор, медиуми, пензионирани работници на Инспекторатот, експерти во областа на животната средина и останати гости на двата проекта, а на крајот на свеченоста свој настап имаше Женскиот Хор Рустико од Скопје.
ДОКУМЕНТИ:







