Во периодот помеѓу 22ри и 26ти фебруари, 2016 година, шпанскиот експерт г-дин José Gil de Bernabé и хрватската експертка г-ѓа Jasminka Drazenovic направија проценка на инспекцискиот софтвер во другите инспекторати, изготвувајќи предлози за тоа како да се обезбеди комуникација со сегашниот систем за управување со бизнис процеси (BPMS) и компатибилност на планирањето со IRAM алатката и процесот на известување согласно ЕУ законодавството.
Со цел да дадат предлози за начинот како да се обезбеди соодветна размена на информации помеѓу инспекцискиот модул, македонскиот PRTR софтвер и останатите релевантни бази на податоци во рамките на МЖСПП, беше организиран состанок со ИТ експертите од МЖСПП задолжени за развој на Информацискиот систем за животна средина, со експертот за база на податоци од Проектот за техничка помош за имплементација на законодавството во животната средина на локално ниво, со ИТ експертите кои го дизајнираат BPMS системот за ДИЖС за потенцијалните области на развој на софтверот како и со инспекторите од Агенција за храна и ветерина.
Исто така, беа изработени други препораки за надградби на системот вклучувајќи развој на добро дефинирани образци за записници, извештаи, планови или зголемување на капацитетот за чување и дополнителна копија.
Со Постојаниот твининг советник и постојаниот твининг советник од македонска страна исто така беа дискутирани предлози за содржината на следните мисии кои се поврзани со имплементација на BPMS системот и IRAM алатката
Документи:
.jpg)
.jpg)
.jpg)