Во периодот помеѓу 13ти и 16ти октомври, 2015 година, шпанските експерти г-дин Iñaki Bergareche и г-ѓа Isabel Fernández, холандскиот експерт г-дин Cees Braams и грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsosги подготвија првите нацрт листи на податоци за неколку индустриски сектори опишувајќи ги накратко клучните процеси на секторите, нивните главни влијанија врз животната средина и подготвувајќи листи со аспектите кои треба да бида проверени при вршење инспекција на соодветните постројки.
Во согласност со повратните информации добиени од македонските лидери на компонентите и согласно потребите идентификувани во мисиите во рамките на активноста 1.3 поврзани со обуки беа избрани следниве сектори: свињарски и живинарски фарми, каменоломи и рудници, активности за подготвуваање на гипс, капацитети за производство на стационарен асфалт, јаглен и одредени електрани на гас, производство на железо и челик, како и индустријата за храна (особено винарија, пиварница и преработка на месо).
Исто така со Постојаниот твининг советник беше дискутирано за агендата за наредните мисии поврзани со финализирање на листите на податоци во декември 2015 година.
Документи:
- 1 2 7_Agenda
- Активности кои подготвуваат гипс
- Големите постројки на согорување на јаглен и гас
- Инсталации за железо и челик топилници
- Месопреработувачки објекти-инсталации
- Винарии
- Пиварници
- Свињарски и живинарски фарми
- Каменоломи и рудници
- Стационарни асфалтни производствени капацитети
.jpg)
.jpg)