Во периодот помеѓу 15ти и 18ти септември, хрватската експертка г-ѓа Anita Pokrovac и холандскиот експерт г-дин Marc du Maine извршија преглед на постоечката релевантна документација вклучувајќи ги резултатите од мисиите 1.3.1 и 1.3.2, документите од проектот за Техничка помош „Зајакнување на институционалните капацитети за апроксимација и имплементација на законодавството за животна средина во областа на управување со вода“ кои се однесуваат на спроведување на обуки и информација за можностите за обуки кои се достапни на инспекторите за животна средина преку ЕУ и регионалните мрежи како што се IMPEL, ECENA и THEMIS. За време на состанокот со претставниците на проектот за техничка помош „ Зајакнување на капацитетите за имплементација на законодавството за животна средина на локално ниво„ како и со претставник на твининг проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспонирање и импелементација на новата Директива за индустриски емисии 2010/75/EU” беше дискутирано за главните можни области на преклопување /интеракција / заеднички активности со активностите кои се однесуваат на обуките во рамките на другите проекти.
Беше изработена програма за обука намента на практична примена на критериумите на ЕУ за инспекција во животната средина (RMCEI) вклучувајќи акции за време на траењето на овој твининг проект и предлози за долгорични акции и по завршување на овој проект.
Исто така беа дадени коментари за нацрт Законот за инспекција во животната средина.
Со Постојаниот твининг советник и Постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани и дефинирани наредните чекори и агендата за мисијата 2.1.6 (особено оние делови кои се наменети на обуки за планирање на инспекции).
Документи:
.jpg)
.jpg)
.jpg)