Во периодот од 18 до 21 април 2016 година шпанските експерти Хосе Франсиско Алонсо Пикон и Ињаки Бергарече, во рамките на мисијата 2.2.6, спроведоа обука за извршување на инспекциски надзор во согласност со Најдобрите практики на ЕУ, во соработка со две пилот инсталации, АГРИА свињарска фарма и ТИКВЕШ винарија.
Во групите за обука, од Североисточниот и Вардарскиот Регион, земаа учество државни инспектори за животна средина, овластени локални инспектори за животна средина и пишувачи на дозволи.
На 18 април беа направени сите подготовки за обуката која траеше 3 дена (19, 20 и 21 април) и тоа со следниов распоред:
- Ден 1: Групата која беше поделена на две подгрупи се обучуваше за начинот како да подготви инспекција преку подготовка на листа за проверка и програма (агенда) за инспекцијата, користејќи ги образците изработени во рамките на проектот како почетна основа, како и релевантните документи од инсталацијата (дозволата, мониторинг извештаи).
- Ден 2: Беше инспекција на лице место. Една група беше во свињарската фарма АГРИА а другата во винаријата ТИКВЕШ.
- Ден 3: Двете подгрупи беа обучувани за подготовка на инспекциски извештаи. Беше ставен акцент на тоа како инспекциските резултати имаат влијание за подобрување на квалитетот на дозволите, да се прилагоди зачестеноста на инспекциите и да се дефинираат некои клучни точки при наредните инспекции.
Документи (образците се достапни исто така и во делот „документи и линкови“ на оваа веб страница):





