Во периодот помеѓу 27 -29 јули 2015 година, холандскиот експерт г-дин Rob Kramers и германскиот експерт г-дин Horst Büther ја адаптираа IRAM методата подготвена од страна на IMPEL мрежата на ЕУ на постоечката ситуација и на достапните информации во Република Македонија, за да може да се користи како клучна алатка за планирања на инспекциите базирани на ризици.
За време на состанокот со Постојаниот твининг советник од македонска страна и со лидерот на третата компонента беше дисктутирано за информациите кои во моментот им се достапни на надлежните органи во областа на животната средина во врска со емисиите и одлагањата од инсталациите. Тие подготвија нацрт-листа на критериуми за проценка на ризикот со соодветни тежини кои ќе бидат вклучени во софтверот на ИРАМ за планирање на инспекците во Република Македонија. Софтверот беше тестиран со податоци обезбедени од бројните постоечки инсталации. Листата на критериуми за проценка на ризик и пристапот базиран на матрица на ризици беше презентиран и на Постојаниот твининг советник од македонска страна и на лидерот на третата компонента.
Информациите кои се поврзани со овој пристап ќе бидат вклучени во нацрт прирачникот за инспекција изработен во рамките на мисијата 1.2.3.
Со Постојаниот твининг советник исто така беше дискутирано за програмата за мисијата 3.1.1 („Анализа на сегашниот систем за управување со информации и систем за известување (MIRS). Подготовка на соодветен извештај) и агендата за наредната мисија 2.1.6.
Документи: