Првиот состанок на Надзорниот комитет на кој се разгледа напредокот на проектот во првите три месеци од реализацијата и се дискутираше програмата за наредните 6 месеци (12 април до 11 октомври 2015 година) се одржа на 28 април 2015 година со учество на проектните лидери од шпанската, холандската и македонската страна, претставници на FIIAPP, InfoMil, ЦФЦД, Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европската унија, Секретаријатот за европски прашања и проектниот тим. На почетокот, македонскиот проект лидер го истакна значењето на проектот за Државниот инспекторат за животна средина и неговите очекувања за добра поддршка од страна на сите заинтересирани страни. Беше усвоен Деловникот за работа на Надзорниот комитет.
За време на состанокот од страна на Постојаниот твининг советник беа презентирани Кварталниот извештај 1; Оперативното придружно писмо 2; Адендум 1 (Дополнување на основниот договор); и Првичниот извештај. Општиот прогрес на проектот беше оценет високо позитивен. Беа наведени главните резултати: интернет страницата на Државниот инспекторат за животна средина и рекламни материјали; институционалната оценка; превод на Законот за инспекциски надзор; превод на делови од постоечкото законодавство кое се однесува на инспекцијата; и испорака на нацрт Адендум 1 по дискусијата со ЕК, со претставниците на Делегацијата на Европска унија и ЦФЦД, со што помеѓу другото, се продолжува времето на имплементација на проектот за дополнителни 7 месеци. Од страна на Постојаниот твининг советник беше направена куса презентација на Basecamp како многу корисна онлајн алатка за управување со проектот и пристап до документите поврзани со проектот.
Документи:
Агенда.doc
Презентација-Прв состанок на Надзорниот комитет-твининг инспекција-април 2105.pptx
Деловодник за работа на Надзорниот комитет-твининг инспекција.pdf



