Во рамките на мисијата 1.2.10 која се одржа во периодот помеѓу 23ти и 27ми ноември, 2015 година, грчкиот експерт г-дин Dimitris Tsotsos, холандскиот експерт г-дин Cees Braams и италијанскиот експерт г-дин Romano Ruggeri подготвија финална верзија на следните документи:
- Упатства за инспекција во ИСКЗ/ИЕД инсталации фокусирајќи се на концептот на НДТ и нивните последици во дозволите и инспекциите на ИСКЗ/ИЕД инсталациите, земајќи ги предвид повратните информации добиени за првиот нацрт изготвен во рамките на мисијата 1.2.9. Овие упатства ќе бидат дел од општиот Прирачник за инспекција изработен во рамките на Проектот, во мисијата 1.2.4;
- Образец за структурата на листите на проверка кои ќе се користат од страна на инспекторите;
- Прв нацрт на кратко упатство за начинот како да се класифицира и карактеризира „mirror-code waste“;
- Прв нацрт на кратко упатство за НДТ за складирање на опасен и неопасен отпад и дијаграм во општиот прирачник за инспекција со препораки поврзани со соодветните делови од Прирачникот;
Исто така беше извршен преглед на делот „5.3.1 инспекциски извештаи“ од секторските листи на проверка изработени во рамките на мисиите 1.2.5 и 1.2.7.
Со постојаниот твининг советник и со постојаниот твининг советник од македонска страна беа дискутирани наредните чекори вклучувајќи ја употребата на упатствата во програмата за обука во рамките на Проектот.
Документи:
