ЗА ДИЖС ЗАКОНИ НОВОСТИ ПРОЕКТИ ИЗВЕШТАИ ПРОГРАМА ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ИНДУСТРИИ МЕДИА ЦЕНТАР
 
Твининг Програма
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Што значи инспекција во животната средина и нејзино спроведување?
Околу проектот
Активности поврзани за проектот
Спроведување на законите за животна средина во ЕУ
Документи и линкови
Media Галерија
Контакти/Локација
Логирање на Basecamp
 
 
 
Новости и активности поврзани за проектот
 
15.07.2016 | 1.3.9: Завршни работилници: Мрежа на инспектори за животна средина, проектни материјали и теми за наредни активности

Во периодот помеѓу 11ти и 15ти, во рамките на мисијата 1.3.9, холандскиот експерт г-дин Marc du Maine и италијанскиот експерт, г-дин Romano Ruggeri одржаа серија на работилници кои ги имаа следните цели:

  • Дискусија за можностите за формирање на Мрежа на инспектори за животна средина следејќи ги примерите како што се мрежите во ЕУ или Македонската мрежа на комунални инспектори и за тоа кои би можеле да бидат карактеристиките, задачите и чекорите кои треба да се преземат за формирањето.
  • да се презентираат материјалите кои без изработени во рамките на проектот како подршка на инспекторит4е за животна средина, особено последниот документ (Waste Watch booklet- Водич за отпад, за контрола на пратките на отпад, мал прирачник за земање на примероци и контрола на извештаите од само-мониторирање, и превод на македонски јазик на поглавијата на НДТ од БРЕФ документите за (а) управување со јаловини и јалови карпи при активности во рудниците, и (б) финален нацрт документ на БРЕФ за интензивно одгледување живина и свињи) (сите материјали се достапни во делот „документи и линкови“ на оваа веб страна)
  • Дистрибуција на печатени материјали од споментатите документи, како и на македонската и албанската верзија на Прирачникот за инспекција во животната средина и брошура во која се содршат сите секторски лиси на податоци за 12 индустриски активности кои беа изработени во рамките на проектот.
  • Дискусија за тоа кои би биле најкорисните придобивки од проектот и кои би биле темите кои може да се обработиваат во наредни активности или проекти.

Во групите беа вклучени инспекторите за животна средина на централно и на локално ниво како и пишувачи на дозволи од четирите региони.

По завршување на подготвителните активности на 11ти јули, обиките беа реализирани во периодот помеѓу 12ти и 15ти јули, поделени во следниве групи:                  

  • 12ти јули: еднодневна работилница во Кочани со групата од Североисточниот и Источниот регион.
  • 13ти јули: еднодневна работилница во Неготино за групата од Југоисточен и Вардарскиот.
  • 14ти јули: еднодневна работилница во Македонски брод за групата од Југозападен регион и пелагонија регионот.  
  • 15ти јули: еднодневна работилница во Маврово за групата од Скопскиот и Полошкиот регион.  

Напоредно со дискусијата, беше доставен и прашалник по е-маил со цел да се оценат материјалите изработени во рамките на проектот и да се добијат дополнителни идеи за натамошни теми и материјали за наредни  проекти.

Добиените повратни информации од прашалникот, како добиените размислувања за време на работилниците ќе бидат искористени во преостанатите мисии од твининг проектот и од страна на Постојаниот твининг советник и од страна на корисниците при дефинирање на наредните активности за подобрување на спроведувањето во животната средина во државата.

Документи:

 
 
 
НОВОСТИ И АКТИВНОСТИ
 
Информација за инспекциски надзори во Охис
29.07.2020

ДИЖС презема превентивни мерки за заштита од Корона вирусот
12.03.2020

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата
30.01.2020

Со цел поголема безбедност и заштита на здравјето на граѓаните, а во ...

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС
29.01.2020

Вонреден инспекциски надзор во ОХИС

...

АД "ОХИС" збирна информација
16.12.2019

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  ...

Соопштени до медиумите - Демант
03.12.2019

Информација за медиуми