Во периодот од 27 септември до 2 октомври делегација на Република Македонија, предводена од директорот на Државниот инспекторат за животна средина, г-дин Фирус Мемед, спроведе втора студиска посета во рамките на овој проект во Португалија и во регионот Екстремадура (Шпанија) во рамките на која посетија неколку компании од различни сектори, како примери на добра практика од областа на инспекцијата во животната средина и спроведување на прописите за животната средина од страна на компаниите.
Групата беше составена од 8 претставници на Државниот инспекторат за животна средина и неколку општини од Република Македонија кои беа пречекани и поздравени од страна на директорот и вработените во Генералниот инспекторат за земјоделство, животна средина, мориња и просторно планирање (IGAMAOT) од Португалија, Раководителот на овој Твининг проект од шпанска страна, г-дин Хозе Франсиско Алонсо Пикон и тимот на инспектори за животна средина на Регионалниот инспекторат за животна средина на шпанскиот регион Екстремадура со цел размена на добри практики и искуства во заштита на животната средина, со фокус на областите за квалитетот на воздухот,, ИСКЗ / ИЕД инсталации и управување со водите меѓу португалските, шпанските и македонските партнери.
Институционалните посети ги опфатија: Генералниот инспекторат за земјоделство, животна средина, мориња и просторно планирање (IGAMAOT), со презентации од областа на организацијата, планирањето и програмите за инспекцијата во животната средина, спроведување на инспекциите, системите за анализа на ризик, управување со системот за усогласеност, ГИС софтверски алатки за поддршка на инспекторите како и мониторинг и земање мостри и на Школата за јавна администрација на Екстремадура со презентација на генералната организација на ресурси и усогласености на Регионалниот инспекторат за животна средина на Екстремадура, како и преглед на главните активности со влијанието врз загадувањето во регионот.
Што се однесува до индустриите, претставниците од Македонија посетија неколку водечки компании како GALPРафинеријата за нафта во Синес (Португалија) - Севесо инсталација, Термосоларна Инсталација (EXTRESOL-3), Инсталација за управување со отпад од електрични и електронски апарати(MOVILEX) и Инсталација за управување со отпад од стакло(BA Recuperaciones) во Екстремадура како и живинарска фарма и фабрика за производство за добиточна храна(Cantos Blancos Sur) и свињарска фарма(CAIMESA).
Документи:




.jpg)


.jpg)


