Во периодот помеѓу 25 и 28 април 2016 година германскиот експерт г-дин Хорст Бутер одржа 2 различни обуки за запознавање со употребата на ИРАМ софтвер алатката за оценка на ризикот за инспектори во животната средина. По последните подготовки и разговори со координаторот на македонската ИРАМ алатка, г-дин Дурак Арифи на 25 април, беа одржани следните сесии:
- Дводневна практична обука (26-27 април) на основната група во кој учествуваа неколку инспектори од ДИЖС и локални овластените инспектори за животна средина. Оваа обука ја надополни почетната обука одржана до истите членови од основната група во ноември 2015 во рамките на мисијата 2.1.6.
- Еднодневна воведна обука на инспекторите од ДИЖС, која ќе им овозможи да се најават и да се служат со ИРАМ софтвер алатката и со податоците соодветни за индустриските активности и истите да бидат проверени од нив. Можноста беше искористена за да се ажурира персоналот на ДИЖС за последниот развој на настаните во врска со спроведувањето на бизнис процес менаџмент системот на ДИЖС, и наредните проекти за соработка.
Материјали за обука поврзани со дискусиите и со практичните теми беа доставени до учесниците.
Препораки за следни чекори треба да се преземат со цел да се обезбеди употреба на веб апликација ИРАМ за проценка на ризикот во планирањето на инспекците во Македонија, исто така беа дискутирани.
Документи:





